ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ сакаа несразмерно да ги наградат Нотарите, на сметка на народот

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја укина одлуката за зголемени нотарски услуги донесена од владата на СДС и ДУИ, соопшти денеска владеачката партија.

Во партиското соопштение се наведува дека Владата на вчерашната седница донесе Одлука за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа.

-СДС и ДУИ сакаа несразмерно да ги наградат Нотарите, на сметка на народот. СДС и ДУИ со секоја своја одлука земаа пари од џебот на народот. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исправа неправдите нанесени од СДС и ДУИ. Нема повеќе скапи услуги кај Нотарите. Ја враќаме државата на народот, додаваат од партијата.

Претходна вестОхридското Езеро и Кањонот Матка прогласени за споменици на природата
Следна вест„Би-Би-Си“ објави фотографија од Македонија за време на метеорскиот дожд