СДС продолжува по ист пат, Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа партија наведува дека во СДС нема свежина, нема нови идеи, ниту нов правец.
-Венко Филипче е министерот за здравство кој во ек на корона туркаше матни тендери и бркаше милионски провизии. Славјанка Петровска е министер за одбрана која народот ќе ја памети по криењето на луксузната хациенда. Јован Деспотовски е директорот на ФИТР, каде се даваа грантови за се само не за иновации. Кадрите на Заев и Ковачевски не можат да донесат ништо ново, посочуваат од партијата.