ВМРО-ДПМНЕ: СДС владата ја претворила во партиски штаб платен со парите на граѓаните

СДС владата ја претворила во партиски штаб платен со парите на граѓаните. Партиски паноа, флаери, партиски билтени, пропаганден материјал е сликата која е затекната во Владата, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Владеачката партија наведува дека во зградата на Владата се принтале материјали, се складирале партиски летоци…

-Но, важно Заев и Филипче кога беа дел од извршната власт ја тргнаа оградата и наводно ја отворија владата. Но зад оградата пустош. Си правеле тендери чии датуми ги антидатирале, наведуваат во оваа партија.

Се додава дека јавен повик за доделување на финансиска поддршка е креиран на 01.04.2022, а де факто е направено како да е направен 21.05.2021, цела година и повеќе порано.

-Ова е кривично дело и за кое водството на владата од СДС треба да одговара. Партиски флаери низ државни канцеларии. СДС брутално ја злоупотребиле позицијата и државните ресурси. За ова мора да има одговорност. Ограбената држава е најголемото достигнување на СДС, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестЗапленети 30 илјади евра на граничен премин Богородица
Следна вестПочнува акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром