Скандалозно се постапува при праќање на дипломати, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозиционерите дипломатијата со оваа власт на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, тоне секој ден.
Од партијата додаваат дека на листата со скандалозни одлуки за именувања, на кои веќе се наоѓаат ТВ-презентерката, синот на аналитичарот, колоритниот транзициски лик Фрчкоски, вечниот функционер Жерновски, сега се придодаваат и испраќањето на Теута Арифи, Виктор Димовски и Зоран Попов.