ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ дипломатската служба ја доживуваат како монета за меѓупартиски дилови

Скандалозно се постапува при праќање на дипломати, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ. Според опозиционерите дипломатијата со оваа власт на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, тоне секој ден.

Од партијата додаваат дека на листата со скандалозни одлуки за именувања, на кои веќе се наоѓаат ТВ-презентерката, синот на аналитичарот, колоритниот транзициски лик Фрчкоски, вечниот функционер Жерновски, сега се придодаваат и испраќањето на Теута Арифи, Виктор Димовски и Зоран Попов.

Ова покажува дека дипломатската служба се доживува како монета за поткусурување на меѓупартиски дилови. Теута Арифи како предлог за амбасадор во ЕУ е многу навредливо и за Европската Унија и за граѓаните во Македонија. Ликот што се покажа како исклучително неспособен градоначалник, кој остави зад себе урбан и еколошки хаос, кој ја заглави Општината во долгови, кој одделувал милиони денари преку 800 сомнителни договори за вработувања, оваа Влада го предлага да ги застапува Македонија и граѓаните пред ЕУ.

Не помалку скандалозна е и одлуката за именување на Зоран Попов за амбасадор во САД и на Виктор Димовски за амбасадор во Франција. И двајцата, освен партиско-политички функции, немаат никаква заслуга за Македонија ниту, пак, капацитет за да бидат назначувани на вакви значајни позиции.

СДСМ ги погазува професионалците во дипломатија и, за жал, создава скандал-дипломатија, која ја срами Македонија каде што ќе стигне, се вели во соопштението.

Претходна вестАкција во скопско – полицијата ги чешла Арачиново, Нерези и Радуша
Следна вестШто пред пописот велеше Симовски ако има бојкот?