ВМРО-ДПМНЕ сега има 4 потпретседатели, очекуваат победа на предвремени избори

Значајни кадровски промени се направени во раководството на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на партискиот Централен комитет. Партијата доби уште двајца нови потпретседатели – градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, како и Гордана Димитриеска-Кочоска, која е магистер по економски науки од УКИМ. Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски.

Лидерот на партијата по седницата соопшти дека најмногу промени се извршени во составот на Извршниот комитет.

Нов член на Извршниот комитет е аналитичарот и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски. Неговото искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. Нова членка на Извршниот комитет е и Маја Кадиевска-Војновиќ поранешна вице гувернерка на Народна Банка на Македонија и професор на Американ Колеџ, а во овој состав на Извршниот комитет вlегува и угледниот доцент доктор Ристо Симеонов, специјалист по детска хирургија, изјави Мицкоски

Нови членови на Извршниот комитет ќе бидат уште и доктор Мевмед Џафери од Маврово, пратениците Ели Панова од Струмица и Миле Лефков од Кочани, како и Луке Галески, актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, но и актерот Зоран Љутков од Велес и Марија Митева, која моментално е портпаролка на партијата.

Инаку, во Извршниот комитет и натаму остануваат Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, како и пратеникот Драган Ковачки, пратеничката Рашела Мизрахи, Олга Лозановска од БитолаТрајко Славески, Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, и докторката Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот СкопјеВо обраќањето за медиумите Мицкоски истакна и дека членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС, Сергеј Попов, претседателката на УЖ, Жаклина Пешевска, како и првиот човек на Унијата на ветерани Мане Јаковлевски, а нов секретар за меѓународна соработка е Стефан Андоновски.

Живееме во време кога корупцијата е широко распространета, кога криминалот се простува, кога судот и обвинителството испорачуваат хајки, а криминалците и се смеат на правдата во лице. Пазарџискиот менталитет е сеприсутен. Во односите со Бугарија, во проблемот со застојот на евро интеграциите. На домашната политичка сцена го гледаме овој пазарџиски менталитет. На реалниот човек сето ова му предизвикува чувство на гадење, а илјадници семејства се будат и легнуваат со чувството на несигурност за својата иднина. И не е прашање дали, туку колку Македонија ќе губи. Централниот Комитет на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ која го избра новиот победнички Извршниот комитет на партијата со кои очекуваме да издвојуваме убедлива победа на следните предвремени парламентарни избори кои што мора да се случат, порача рече Мицкоски.

Претходна вестОд почеток на пандемијата 17 лица се заразиле по третпат со корона вирусот
Следна вестТреба ли да брза со работата македонско – бугарската Комисија за историја?