ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива Филипче да биде разрешен

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за интерпелација на министерот за здравство, Венко Филипче, на кого, како што велат, поважни му се провизиите за вакцини, од животот на граѓаните.

-Кина ги продава вакцините против корона по 30 долари, Филипче нудеше над 60 долари. Причината е јасна, наместо во потрага по вакцини, власта беше во потрага по провизии. Фантом фирма од Хонг Конг без вработени медицински лица требаше да биде фаворизираниот набавувач на вакцините по дупло поскапа цена од реалната.

Единствени сме во светот по најлошото справување со корона кризата. Македонија е на 118 место од 122 држави по број на вакцинирани. Филипче е најодговорен за катастрофално справување со корона кризата поради: неследење на кластери; Нема лекови; Нема болнички кревети; Нема респиратори; Нема протокли за лечење и движење на пациенти; Ненавремени и несоодветни мерки, потенцира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Опозиционерите покрај другото имаат забелешки кон Филипче и околу најавената градба на новиот клинички центар.

Претходна вестВо Србија ќе работат само продавници за храна, аптеки и безнински пумпи
Следна вестНов рекорд на примени пациенти со ковид во Скопје, ќе се сместуваат и на Ургентен