ВМРО-ДПMНЕ: Темата за недела неработен ден се отвора за да се избегне расправа за трагедијата во Тетово

Власта во текот на изминативе неколку дена прави сè за да не се расправа за модуларната болница во Тетово, каде што живот изгубија 14 наши сограѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако од СДСМ ги обвинија дека ги кочат законските измени за недела неработен ден.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нивната пратеничка група доставила барање за дополнување на дневниот ред за расправа на Комисијата за труд и социјална работа, со барање за доставување  информации околу несреќата во Тетово.

„Иако претседателот на Комисијата го стави на дневен ред ова барање, СДСМ гласаше против, со што не прифати да се зборува за несреќата во Тетово. Пратеничката група на СДСМ постапи исто како Зоран Заев за кого несреќата е банална“, се наведува во реакцијата на опозициската партија во која се додава дека враќање во јавноста на теми како неработен ден недела со цел да не се дознае дека од СДСМ сакале, како што се вели, да го угушат секој еден глас за несреќата во Тетово.

Претходна вестЧетворица Кубанци кои нелегално влегле во државата пронајдени во автомобил кај Гевгелија
Следна вестГлавната улица „Македонија“ изгледа како дел од запуштена паланка, а не од главен град