ВМРО-ДПМНЕ: Тужби за Спасовски и за обештетување на граѓаните за непотребните трошоци предизвикани со хаосот од издавањето на личните документи

Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија наведува дека тие го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани.

Во партиското соопштение се наведува дека поради несовесно работење во службата и злоупотреба на својата должност Оливер Спасовски дозволил да се издаваат патни исправи иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност.На ова се додаваат и официјалните изјави на владата на СДС дека патните и личните изјави на граѓаните ќе важат до истекот на нивната важност.

-Тогаш доаѓаме до тоа дека СДС системски ги лажела и манипулирала граѓаните, за да ги доведе до оваа омаловажувачка позиција да бидат во „државен притвор“ заради нивната неспособност и неодговорност. Патем, Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле  народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета. Згора на се, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија.

-Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме, се вели во партискиот став.

Претходна вестПоповски верен на Цирих до 2026
Следна вестПретрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер