ВМРО-ДПМНЕ: Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис

Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ

Најголемата опозициска партија во соопштението наведува дека Законот за здруженија и партии е донесен и изгласан во Собранието, тој треба веднаш да почне со примена.

-Името на клубот Цар Борис, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер. Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар. Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата, се вели во соопштението.

Претходна вест20 лица возеле без возачка дозвола, 12 поминале на црвено светло…
Следна вестТри деца и еден 18-годишник нападнале возач на градски автобус во Чаир