ВМРО-ДПМНЕ: Власта да запре со предизборните вработувања

Власта да запре со предизборните вработувања и институциите да си распишат огласи по избори бараат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив ова всушност претставува предизборен поткуп.

– Власта ги полни институциите со партиски кадри како да нема утре. Огласот за 500 ново вработени во ЕСМ е само еден дел од бранот полнење на администрацијата пред избори.

Зошто ако имало потреба за нови дури 500 вработувања во ЕСМ тоа не било направено пред година дена? Како наеднаш се појавила потреба за дури 500 вработувања?

Очигледна е намерата на власта со овие 500 вработувања да се обиде да ги манипулира лицата кои ќе ги вработи во изборни цели.

И не е само ЕСМ, нови 41 вработување има и во ФЗОМ.

ВМРО-ДПМНЕ предложи доколку овој или било кој оглас е итен и неопходен, тој да се спроведе од институциите по изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив секое полнење на администрација пред избори не може да се свати поинаку освен како изборен поткуп.

Претходна вестВласта не е само за критика околу патиштата: Ја бива за наплата на скапи патарини
Следна вестКазнети 139 возачи, осум од нив возеле пребрзо