ВМРО-ДПМНЕ: Во Општина Аеродром се набавени сијалица за 48.000 денари и чешма за 65.000 денари

Во Општина Аеродром се набавуват сијалици, чешми и кошеви за повеќе десетици илјади денари.

Ова го тврдат од ВМРО-ДПМНЕ од каде денеска на пррес-конференција презентираа неколку набавки што ги направила актуелната администрација во оваа општина.

Портпаролот Наум Стоилковски презентира документи според кои тврди дека овие општински набавки на производи се по десеткратно поголеми цени од оние во малопродажба.

На пример, според презентираното, една ЛЕД сијалица за улично осветлување е набавена за 48.000 денари.

-Златко Марин со пари од Општина Аеродром плаќа метална чешма за пиење вода за 65.000 денари. Над 1.000 евра за една чешма. Славина, вели замена на оштетена славина со таканаречена цуцла, со механизам за затворање односно „копче на притискање“ тоа чини 7.000 денари. Само за отворање на вентилите на чешми наплаќа 6.600 денари. Отворање на вентил 6.600 денари. 65.000 денари чешма, отворање вентил 6.600 денари, славина со копче 7.000 денари, тврди портпаролот на опозициската партија.

Неделава, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина објави дека во општината е набавен обрач за кош за 15.000 денари.

Претходна вестВо Скопје нови 42 пациенти со ковид завршиле во болница поради компликации
Следна вестФатен на лице место како краде од автомобил