ВМРО-ДПМНЕ во потрага по 61 глас за парламентарни избори заедно со локалните

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму се обидува да обезбеди 61 глас во парламентот за да побара негово распуштање и одржување предвремени парламентарни избори.

-Прашањето не е дали се потребни предвремени парламентарни избори, туку кога тие би се одржале, рече денеска лидерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на прес-конференцијата, за тоа дали останува на барањето заедно со локалните избори наесен да има и нови избори за пратеници.

Тој посочи дека преку Собранието е единствениот пат за одржување предвремени парламентарни избори, така што треба да се обезбеди апсолутно мнозинство за самораспуштање на актуелниот собраниски состав.

Претходна вестВкупно во земјава во болница има 183 пациенти со ковид, во Скопје нови 9
Следна вестШто ни се случува?- Десет починати и 37 нови заразени од ковид