ВМРО-ДПМНЕ во програмата „Платформа 1198“ се обврзува на нови 55.000 работни места и до 5 проценти годишен раст на економијата

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста до 7.5 отсто и до 5 проценти годишен раст на економијата, соопшти денеска оваа партија.

Најголемата опозициска партија проектира дека како идна влада ќе креира 55.000 нови работни места, со што невработеноста ќе се сведе на едноцифрена, т.е. на 7.5 отсто. Тоа ќе се постигне со раст на економијата од 5 проценти годишно.

-Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот. Економија ќе расте, продуктивноста ќе се зголемува, платите на граѓаните и благосостојбата ќе достигнат нови височини. Во период од 4 години ќе се заложиме за намалување на буџетскиот дефицит и негово потиснување под 3 отсто на годишно ниво. Време е да ја вратиме државата на народот, се наведува во партиското соопштение.

Претходна вестМЗТ со пораз од Широки го заврши регуларниот дел од АБА 2, во плеј-офот ќе се сретне со истиот тим
Следна вестСДСМ: Наместо програма, нови празни ветувања на ДПМНЕ, Скопје е најголем пример