Никаде го нема тунелот под Кале, продолжението на бул. „Илинден”, мостовите, зип-лајн, реконструкција на езерото Треска и уште многу други кои беа ветени, но затоа драги скопјани имаме 260 клупи од тропско дрво вредни 123.000 евра, обвини денеска опозициска ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот портпарол Марија Митева инфорамира за јавна набавка на 260 клупи во вредност од 7.623.200 денари или 123 илјади евра од страна на Градот Скопје.
-Единечната цена по клупа изнесува 29.320 денари или речиси 500 евра по клупа. Повторувам, градоначалникот Петре Шилегов набавува дрвена клупа по цели 500 евра. Она што дополнително изненадува во целата оваа јавна набавка е техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација и во која внимавајте, дрвените греди од кои ќе биде изработена клупата со наслон и без раконаслон треба да се тропско дрво вид меранти, ироко. Овој вид на дрво е егзотичен вид кој потекнува од тропските предели на Јужна Африка. Очигледно за СДСМ и Петре Шилегов е сосема нормално една клупа со 7 даски да чини 500 евра!, рече таа.
Според неа, Скопје единствено што доби во овие 4 години власт на Шилегов и СДСМ е уништено зеленило, противпожарно возило во вредност од 1,7 милиони евра и клупи од тропско дрво.