По понудената оставка од министерот Филипше се огласи ВМРО-ДПМНЕ. Оставката на Филипче не е доволна, потребна е оставка и на Зоран Заев, кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот, нагласуваат опозиционерите.
-Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие зад оставката на Филипче. Овој народ виде оставки, кои не беа чин на одговорност, туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашковски, стои во писмениот допис од страна на ВМРО-ДПМНЕ.