СДС да ѝ соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите факти и докази се уште жестоко го бранат Груби. Врската помеѓу СДС и Груби не е ништо повеќе од класична шема на системски криминал во кој СДС и ДУИ ги искористиле државните институции и ги претвориле во механизам за заштита на соптвените криминали, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„И ДУИ и СДС и сите знаат дека Лотарија била перална на пари, а Груби правел милионски криминал, но молчеле за да не падне владата, молчеле за да опстане коалицијата и да продолжат со криминалот, корупцијата и тендерите во четири очи.
СДС наместо како аматерски сценаристи секојдневно да смислуваат сценарија и приказни за Груби во кој не веруваат ниту малите деца, треба да го повикаат на одговорност.
Зоран Заев, Венко Филипче, и Димитар Ковачевски знаеле за криминалот на Груби, но го толерирале и не го гонеле, за да купат ден повеќе, и да продолжат со криминалот на штета на граѓаните.
После 7 години, позади плаштот на реториката која ја проектираа СДС-ДУИ како ‘гарант за реформи, прогрес и институционална правичност’ на површина излезе грубата вистина за СДС како свесни соучесници со ДУИ во најбруталниот грабеж на Македонија.
Институционалниот хаос кој произлезе од СДС-ДУИ ја доведе Македонија до крајна точка на економска, правна и морална деградација. СДС поради политички конформизам не само што го амнестирале Груби туку и овозможиле континуитет на грабежот.
СДС и ДУИ се партнери во криминалот. Груби како десна рака на Ахмети и втор човек во владата на СДС-ДУИ е симбол на аморален субјект толериран од СДС заради личен профит.
Бегството на Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија. Одговорност за целосниот колапс на системот мора да има.
Време е за одговорност, работа и посветеност. Време е да се врати интегритетот на институциите, да се унапреди демократијата и завладее правото и правдата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.