Македонија доколку беше правна држава уште вчера ќе беше приведен Венко Филипче за скандалот „нечиста крв“, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата опозициска партија потсетува дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче беше дел и од скандалот со „крвавите тендери со реагенси“, фантомските набавки на вакцини, и мал милион други коруптивни скандали но за нив надлежните не мрднале ниту со прст.
-За конкретниот скандал кој ја бранува јавноста, одговорноста на Филипче е дека не превземал никакви мерки да ги заштити граѓаните и нивното здравје од непроверени методи. Како што информираат медиумите тој како министер за здравство знаел и ништо не превземал, туку напротив на еден или на друг начин ја промовираше здравствената институција. Овде се работи за целосно затајување на системот, нагласувата од оваа партија.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека како што се дознава од медиумите Филипче и институциите дозволиле да се применува метода на лечење која ниту домашните, ниту странски институции не ја признавале и дозволувале.
-Јавното обвинителство треба да ја прошири истрагата и да утврди дали Филипче свесно го овозможувал ова? Дали и какви финансиски бенефити имал Филипче од овој скандал? Зошто Филипче и покрај предупредувањата на одредени медицински авторитети дозволил некој на грбот на народот да спроведува скапи третмани за кои сега дознаваме дека не биле научно потврдени, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.