Не поддржуваме уставни измени во ваков контекст. Ова веќе подолго време го укажуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. И сега пред лиодерската средба на Мицковски и Ковачевски во објави на социјалните мрежи, тие реагираат, дека нема да дозволат преку уставните измени да се случи, како што велат, исполнување на поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески преку социјалните мрежи порачува дека нема наметнување на бугарски диктат и нема предавство на државата.
-Уставни измени??? Ма ни под разно! Нема наметнување на бугарски диктат и нема предавство на Македонија!
Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и националните интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани, пишува Јаулески, пренесува Макфакс.
Тој додава дека Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта, туку да служи на суверенот – граѓаните. Ние, како што рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го дозволиме тоа.
И неговиот сопартиец, Бојан Стојаноски го повтори вчерашниот став на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во пресрет на лидерската средба.
– Нема промена на Уставот под бугарски диктат, напиша тој.
Според напишаното, уставните измени кои ги прифаќа македонската влада предводена од СДСМ и ДУИ се производ на диктат и под услови кои не се прифатливи за македонските граѓани.
Апелираат до Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и национални интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење на таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани.
-Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување на поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта туку да служи на суверенот – граѓаните, се додава во ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
И Мицкоски вчера на ист став со неговите сопартијци, дека кога ќе отиде на лидерска средба со Ковачевски нема да дозволи уставни измени.