Општина Аеродром веќе нема да одвојува средства за скапото одржување на фонтаните туку ќе ги ги претвора во цветни граидни. Денеска беше претставена прва таква фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ која е насадена со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја.
-Општината се одлучи на ваквиот чекор поради скапото одржување на фонтаната стара 12 години. Во наредниот период хортикултурно ќе бидат уредени и други фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови. Исто така, ќе биде поставена и нова урбана опрема, со нови клупи и канти за отпадоци, изјави градоначалникот Златко Марин.