Во Австралија има 111.352 Македонци, секој втор го зборува македонскиот јазик дома

Во Австралија има вкупно 111.352 лица со македонско потекло според пописот на населението направен минатата година на петиот континет, објави австралиското CBS радио.

-Од нив 66.173 изјавиле дека го зборуваат македонскиот јазик дома, се наведува во информацијата.

Според информациите од Австралија, бројот на попишани кои зборуваат дома македонски е поголем за околу 170 во споредба со пописот пред пет години, а бројот на граѓани што се изјасниле како Македонци е зголемен од  97.000 на сегашните 111.352, што е потврда дека продолжува иселувањето на овој континент.

Пописот покажа дека во Нов Јужен Велс има 43,775 лица со македонско потекло, а македонски дома зборуваат 28,091, во Викторија – 49,429, македонски дома зборуваат 29,356 Квинсленд – 3,335, македонски дома зборуваат 1,386, Јужна Австралија – 1,817, македонски дома зборуваат 610, Тасманија – 133, македонски дома зборуваат 30, Северна Територија – 78, македонски дома зборуваат 19, Австралиска главна територија 1,458, македонски дома зборуваат 764.

 

Претходна вестСДСМ: Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата, покачување од само 7,4 отсто
Следна вестГрадот Скопје ќе ја реконструира левата страна на кејот на Вардар