Беса нема да биде дел од евентуална широка влада, туку ќе биде дел од нова влада по изборите како победник во албанскиот политички блок. Ова е ставот на претседателот на Беса Билал Касами даден за порталот на албански јазик „Журнал“.
Тој на прашањето дали ќе учествува во широка влада Касами вели:
-Не. Движењето Беса ќе влезе во Владата дури по следните избори, како победник на тие избори во албанскиот политички блок.
Доколку се постигне договор за уставните измени и за широка или преодна влада и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјавија дека во широка влада добро бии било да учествуваат и опозициските партии на Албанците.