Припадници на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи. Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на Судот на Босна и Херцеговина, а од приватните факултети во Мостар се одземаат документи и сомнителни студентски досиеја, соопшти СИПА.
Привременото одземање на документација се врши поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривични дела „Организиран криминал“, „Недозволена трговија“ и „Перење пари“, како и „Злоупотреба на положба или овластување“, „Фалсификување или уништување службена исправа“.