Во болниците низ Македонија од коронавирус се лекуваат 1.329 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.329 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на Клиниката за Пластична хирургија.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 1 бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 262 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 45 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 45 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, а во Гевгелија 20 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Министерството соопшти дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Претходна вестМВР кај Росоман заплени големо количество марихуана
Следна вестЛевица: И од дрон се гледаат намерите на власта да ја наградат Царовска