Во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.90 отсто, при што бројот на пополнети работни места изнесувал 491.188, а на слободни 9.518, соопшти Државниот завод за статистика
Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 проценти има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 отсто.
Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места има Пелагонискиот регион 2.62 отсто.
Најголем број слободни работни места 2.656, има во група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.