Седум лица се уапсени во Данска под обвинение дека се обиделе да направат експлозивни направи и планирале терористички напади, соопшти тамошната полицијата.
Данска ја спроведе акцијата заедно со колегите од Германија. Во апсењата се пронајдени состојки за правење експлозивни направи и оружје, објави „Ројтерс“.
-Веруваме дека поединци имаа намера и капацитет да извршат терористички напади во Данска, се вели во соопштението на данската полиција.
Уште шест лица беа уапсени во Данска и едно во Германија, по повод можна поврзаност со овој случај, се додава во соопштението.