Во еден ден изречени 405 санкции за брзо возење

Во акциска контрола на Министерството за внатрешни работи спроведена во текот на вчерашниот ден на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, изречени се казни за 405 возачи.

Како што соопшти МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, притоа, 254 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.

Претходна вестМакедонија ЃП: Бобан Грнчаров е нашиот нов тренер
Следна вестНедозволиво: Уште 60-тина дена се на власт, а брзаат да направат енергетските зделки над 200 милиони евра