Во еден ден ,,уловени” 180 возачи кои се движеле побрзо од дозволеното

Вкупно 180 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи, спроведена на територија на цела држава. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Како што информира МВР, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Претходна вестУставните судии ја избришаа графата „националност“ во изводите од матичната книга на родени
Следна вестНад 50 илјади Македонци ја посетиле Бугарија во јануари