Македонските грраѓани ќе патуваат во Египет само со електронска виза, најави денеска на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Електронска виза за влез во земјата се добива во рок од 24 часа од поднесување електронска апликација на следниот линк www.visa2egypt.gov.eg. Одобрената електронска виза пристигнува на е-меил и истата се печати и презентира на граничните премини на Египет.
За влез во Египет, покрај електронска виза, потребно е да се поседува и негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата.
Македонија е меѓу 74 земји чии граѓани можат во Египет да патуваат со електронска виза.