Во Финска ќе почнат да се тресат од нашите авиони – нови 12 патници позитивни на вирусот

Нови 12 патници кои во саботата слетале со авион од Скопје во финскиот град Турку се позитивни на корона вирус, соопштија финските здравствени власти.

Во авионот имало вкупно 115 патници, од кои 95 проценти биле тестирани. Сите патници добиле писмени наредби за домашен карантин.

Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на ковид-19. На 8 август позитивни беа 26 лица, а на вториот лет на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаи на коронавирус.

Патниците во трите лета, во најголем дел, биле државјани на Косово и на Финска.

Останува да се види дали Македонија ќе преземе мерки за да се сведе на минимум бројот на патници заразени со вирусот кои до трети дестинации тргнуваат од Скопје. Да се надеваме дека до тогаш нема другите држави да ни стават забрани за лет на нивните аеродроми.

Претходна вестДо крајот на годината кинеската вакцина против вирусот ќе биде комерцијално достапна
Следна вестUnited Group, сопственикот на Тотал ТВ, доби одобрување од Европската комисија за аквизиција на грчки Forthnet