Во Гази Баба започна изградба на седум игралишта

Со градежните активности за изградба на седум нови игралишта е започнато во скопската општина Гази Баба. Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека пет игралишта ќе бидат со тартан подлога а две игралишта со вештачка трева.

-Пет игралишта се со најсовремена тартан подлога и ќе се изградат во Колонија, Кирил Петрушевски, Гоце Делчев, Триангла и Керамидница.Две игралишта се со подлога од вештачка трева и ќе се изградат во Стајковци и Страчинци, најави тој.

Стефковски додаде дека реализацијата на проекти продолжува насекаде низ општина Гази Баба.

Претходна вестБензините поевтинуваат за 2, а дизелот за 2,5 денара
Следна вестПрвин го претепале па му го одзеле тракторот