Рекордно ниска температура од минус 53 степени е измерена во најсеверниот кинески град, јави ДПА, повикувајќи се на новинската агенција Ксинхуа. Така беше соборен претходниот рекорд од минус 52,3 степени, поставен во 1969 година.
Температурата во градот Мохе, кој се наоѓа на границата со Русија, трет ден по ред остана под минус 50 степени, откако студот ја замрзна кинеската провинција Хејлонгџијанг.
Во најсеверниот град во Кина, Мохе има снег и мраз осум месеци во годината, а просечната годишна температура е минус 3 степени.