Во Грција во училиште само со сертификат за ковид – вакцинирани, прележани и негативни

На 13 септември ќе почне учебната година во Грција, со физичко присуство на учениците и студентите, но и со задолжителен документ за ковид-19 – сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 или негативен тест.

За просветните работници, односно за наставниците и професорите, како од училиштата, така и од универзитетите задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 во последните шест месеци или негативен лабораториски тест два пати седмично, што ќе биде на нивни товар, а истите правила важат и за студентите.

Слични се условите и за учениците, односно и за нив ќе биде потребен документ поврзан за Кови-19.

Сертификат за вакцинација, доколку се постари од 12 години, потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично.

Протоколите по кои ќе работат училиштата и факултетите ќе бидат детално соопштени непосредно пред почетокот на учебната и академската година.

Претходна вестНа скопскиот аеродром приведени странски државјани за криумчарење мигранти
Следна вестСообраќајот по важни коловози, на Табановце чекање од 30 минути