Хрватска регистрира 6.310 нови случаи на инфекција со коронавирус – најмногу од почетокот на епидемијата.
Вчера речиси секое второ лице што беше тестирано е позитивно, а починаа 32 лица. На болничко лекување се 1.680 пациенти, на респиратор 219.
Во Меѓумурје е забележан првиот заразен со делта плус варијанта на вирусот, пишува hrt.hr.
Поради зголемувањето на бројот на новозаразени, Хрватска останува со темноцрвена боја на новата корона-карта, а епидемиолошката состојба не се подобрува ниту во другите земји од Европската Унија.