Во Хрватска се одржуваат претседателски избори

Во Хрватска во недела во 7 часот почнаа осми претседателски избори. Во трката за таа позиција се осум кандидати. Избирачките места се отворени во седум часот наутро, а може да се гласа до 19 часот.

Отворени се сите избирачки места, од кои во Хрватска се над 6.500, потврди Државната изборна комисија (ДИП) која в недела напладне ќе извести колку гласачи гласале до 11:30 часот.

Ќе биде интересно да се види дали на излезноста влијаеле ниските температури кои во недела наутро беа измерени во делови од Хрватска, поточно во Госпиќ и Оточац, девет степени под нулата, пренесув Н1 Хрватска.

И додека гласачите во Хрватска штотуку се „загреваат“ за осми претседателски избори од независноста, гласачите во Канбера, Сиднеј и Мелбурн ќе ја завршат својата граѓанска обврска во 9 часот по хрватско време, бидејќи нивните избирачки места ќе бидат отворени во сабота во 21 часот.

Покрај во Хрватска, претседател на Републиката се избира и во странство, во 38 земји, девет помалку од пред пет години, а право да го изберат имаат вкупно 3.762.224 гласачи.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: За да останат повеќе на власт, Заев и Филипче свесно ја поддржувале ДУИ во криминалите
Следна вестПриведен е син на поранешен висок функционер во Македонија – се сомничи за „Оддавање службена тајна“