Во изборно време избрал да ограби црква

Ограбена црква во кратовско. Во периодот од 15 часот на 14.7.2020 до 9 часот на 15.7.2020 во с. Сакулица, Кратовско, непознат сторител со употреба на сила и погоден предмет насилно влегол во црквата „Св. Харалампие“ и одзел пари, алат и икона.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кратово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМу дал 1000 денари на лице со здравствени проблеми за да гласа за одредена партија
Следна вест4 пациенти починале од вирусот, 198 новозаразени, најмногу во Скопје и Свети Николе