Во изворите Свети Наум откриени се два нови видови полжави

Два нови видови полжави се откриени во водите на изворите Свети Наум како резултат на повеќегодишно истражување. Тоа е спроведено во рамки на проектот „Извори Св. Наум – Биолошка и Инвенторизација на екосистемските услуги“, финансиски поддржан од УНЕСКО Канцеларијата за образование и наука во Венеција и добротворната „Абрдн“ фондација.

Првиот од двата новооткрени видови полжави е именуван какo Ancylus naumiensis n.sp, вид кој за прв пат беше забележан во 1996 како “Ancylus sp. D“, но не беше потврдена неговата посебност и карактеристики на нов вид, заради недостиг на морфолошко-таксономски податоци.

Уште поголемо е значењето и откритието за вториот вид- Ohridonaumiatrajanovski n.sp кој е целосно новоопишан, и тоа не само како вид туку и како род кој за прв пат се спомнува за Изворите Свети Наум. Уште еден куриозитет за овој вид, е неговата номенклатура, односно видот е именуван според Проф. Др. Сашо Трајановски (Охридонаумиа трајановски), еминентен и истакнат научен работник од Хидробиолошки институт Охрид, во чест на неговата двеиполдецениска посветена заложба за заштита и промоција на Охридското Езеро и неговиот уникатен жив свет.

Идентификацијата на новите видови е направена во соработка со Универзитетите во Белград, Подгорица и Лоџ (Полска) и вклучуваа морфолошки и генетски испитувања.

Описот и на двата вида, нивната ендемска природа и посебност повторно покренуваат низа научно-интригантни прашања за нивната еволутивна генеза но и улога во деликатната рамнотежа на овој воден рај. Истите ја потврдуваат посебноста на изворите како извонредна природна креација и ја потенцираат потребата од нивна хитна, неодложна и долгорочна заштита.

Претходна вестЃоковиќ се поблиску до освојување на нов трофеј на Вимблдон
Следна вестМакедонецот Волкановски ќе го тренира сопственикот на Фејсбук за борба против Маск