Во јули и август хуман третман во „Лајка“ поминале 214 бездомни кучиња

Во јули и август хуман третман во „Лајка“ поминале 214 бездомни кучиња, соопшти денеска ова скопско претпријатие.

Во информацијата до јавноста се наведува дека во месец јули, 2024 во ЈП „Лајка“ хуманиот третман го поминаа 112 кучиња,102 од нив беа заловени од нашите заловувачки тимови, а 10 беа донесени од граѓани. Среќно се вдомија 23 кучиња, а 85 беа вратени на матичната локација.

-Во месец август, 2024 во ЈП Лајка хуманиот третман го поминаа 102 кучиња,84 од нив беа заловени од нашите заловувачки тимови, а 18 беа донесени од граѓани. Среќно се вдомија 30 кучиња, а 70 беа вратени на матичната локација, информираат од „Лајка“.

Претходна вестАтлантикот се изладил со рекордна брзина, научниците се збунети
Следна вестОдложен утрешниот протест пред Здружението на пензионери во Скопје, барањата остануваат