Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе се градат катни гаражи по пат на јавно приватно партнерство

Да се спроведе постапка за за изградба на катни гаражи во рамите на Клиничкиот центар „Мајка Терезе„ во Скопје, одлука е која македонска Влада ја донела на вчерашната седница. Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски реши тоа да оди преку јавно приватно партнерство.

-Владата усвои информација за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, се наведува во соопштението од седницата.

Со тоа треба да се реши сообраќајниот хаос кој владее во Клиничкиот центар.

Претходна вестВреди: Апелираме до Димитриевски да не му прави ќеиф на ДУИ
Следна вестБлинкен ја завршува посетата на Блискиот Исток без прекин на огнот