Во ковид-центрите во Македонија се лекуваат 1.313 пациенти, има 150 празни кревети

Во ковид-центрите во болниците низ Македонија во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

-По извештаите на болниците, кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 61 болен, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп – 119, во ковид-центарот во Гостивар – 66, а во Струга – 34 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 75 пациенти, во Кочани – 25 во Кичево – 18, Кавадарци – 54, во Гевгелија – 10 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти, се вели во извештајот на Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.313 и има речиси 150 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид- одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Претходна вестСе зголеми бројот на термини за вакцинација против сезонски грип
Следна вестГрк пронајден починат во хотел