Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, ниту на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 195 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 113 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 19 болни.
Вкупно 473 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 280 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Претходна вестСЗО ја одобри вакцината на Модерна за итна употреба
Следна вестЗапечатена кафеана во Чаир во која имало 15 гости и покрај забраната