Во Кратово 37-годишна жена ги убила сопругот и свекорот

Двојно убиство во Кратово, а 37-годишна жена е приведена во доцна вечерта во четврток.

Според првичните информации убиени се сопругот и свекорот на приведената.

Обвинител и полицијата извршиле увид по што телата во текот на ноќта ќе бидат пренесени на обдукција.

На лице место се утврдува мотивот за двојното убиство, а истрагата обезбедува докази за злосторството и го утврдува начинот како е извршено.

Претходна вестПроменливо облачно време, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Следна вестНе сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри, вели Шаќири