Во М. Каменица приведен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Приведено е едно лице под сомнение дека вчера се обидело да изврши обљуба, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 15.04.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека на 14.04.2024 се обидел да изврши обљуба врз 68-годишна жена од друго село во Македонска Каменица.

-По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, се наведува во информацијата.

Претходна вестВлада: 24 април неработен ден и за јавниот и за приватниот сектор
Следна вестВремето денеска ќе биде облачно со дожд и ветер