Во Македонија лани имало 794 милиони долари странски инвестиции

Во Македонија минатата година влегле странски инвестиции во вкупна вредност од 794 милиони долари, покажуваат податоците на Агенцијата на Обединетите нации за економска и трговска организација (УНЦТАД), а пренесува Инвестор.

Според извештајот, Србија е на врвот, а Босна и Херцеговина е на дното меѓу балканските земји по износот на странски инвестиции во изминатата година. Лани во Србија биле инвестирани околу 4,6 милијарди долари, а во Албанија со 1,4 милијарди долари и Црна Гора со 877 милиони долари. На крајот од листата е Босна и Херцеговина со 661 милиони долари. Косово не е вклучено во извештајот бидејќи не е земја членка на Организацијата на Обединетите нации.

Во пандемиската 2020-та година, Македонија имаше најголем пад на странски инвестиции во регионот. Податоците објавени од Конференцијата за трговија и развој на ОН тогаш покажаа дека странските инвестиции во регионот во 2020 година се намалиле за 14 отсто во однос на 2019 година, во Македонија падот е скоро три пати поголем. Најмногу инвестиции во 2020 влегле во Србија – 3,4 милијарди американски долари, што е намалување за една петтина во однос на 2019, па потоа следува Албанија со 1,1 милијарди долари што е намалување за 14 отсто во однос на годината претходно. Црна Гора имаше 529 милиони долари, што е 27 проценти повеќе во однос на 2019, падот во Босна и Херцеговина бил 7 проценти и 2020 ја завршувале со 371 милиони долари и Македонија имаше најмалку – 224 милиони долари странски инвестиции, што е за 38 проценти помалку во однос на годината претходно. Во 2021 година Македонија имаше нешто повеќе од 300 милиони долари странски инвестиции.

Претходна вестПожар во архивата во Кумановскиот суд, изгореа ли важни документи?
Следна вестПобегнал од прилепски затвор, ограбил хотел во Скопје и со спреј го испрскал обезбедувањето