Малолетник смртно настрада во незгодата што се случила во куќата во Маврови Анови, соопшти полицијата.
МВР информира дека случајот го пријавила мајката.
-На 27.06.2024 во 18.00 часот во Полициско одделение Маврово Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во нас. Маврови Анови. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, стои во соопштението.