
Македонското МНР е гордо како претседателствуваше со ОБСЕ. Но, дали во самото министерство има работи кои не се за гордеење?
Прашањето се наметнува и по најновата реакција на македонскиот Дипломатски Синдикат. Имено, синдикалците изразуваат загриженост по наводите искажани од нивниот член Викторија Трајков, дека и е одземен безбедносниот сертификат, а воедно и се ускратува законски загарантираното право на дипломатска патна исправа.