Во Националната опера и балет ќе се свири на инструменти купени од јапонската Влада

Со 663.000 евра од Владата на Јапонија се набавени музички инструменти за музичарите, опрема за озвучување и осветлување за потребите на Националната опера и балет.

-Освен за подобар перформанс на Националната опера и балет, би сакал оваа културна размена да придонесе и за размена на уметници, рече јапонскиот амбасадор Савада Хинорори.

Министерката за култура Ирена Стефоска вели дека оваа донација ќе ги мотивира уметниците за поголема креативност на сцената и страст во музицирањето, што на крајот ќе биде врвно уживање за публиката, па дозволете ми, вредноста на оваа донација да ја опишам со три збора – мотив, квалитет, аплауз.

 

Претходна вестЗаев: Понудените оставки се одраз на морална одговорност, тој нема да замине
Следна вестМЗ: Наставата со физичко присуство продолжува – бројот на заразени деца и наставници е мал