Во недела: 49 возачи казнети за брзо возење, 8 за возење без дозвола…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 95 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ има право да се изјасни преку референдум
Следна вестСкопјани пијат безбедна вода