Во недела стрелките на часовникот одат еден час напред, дали ќе биде за последен пат?

Во недела на 28 март во 02 часот ќе започне летно сметање на времето, со тоа што стелките на часовниците ќе се поместат за една час понапред и ќе означуваат 03 часот. Владата на вчерашната седница донесе одлука да се утврди летното сметање на времето.

Инаку, во 2019 година, Европскиот Парламент со големо мнозинство се изјасни за престанок на поместувањето на часот во 2021 година. Но, одлуката остана кај владите на државите членки на ЕУ, кои треба да одлучат дали трајно ќе го задржат летното или зимското сметање на времето. И во Македонија имаше дебати и сугестии, но се уште не е донесена некоја одлука, односно најверојатно се чека како ќе одлучат другите.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Претходна вестМТВ одлучи: Останува истиот претставник за Евросонг
Следна вестНикола Груевски: Користев два стана на име на мајка ми, другите два се под закуп