Скопската полиција денеска извести дека вчера во 18.15 година во СВР Скопје е пријавено дека во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од село Иванковци, велешко, паднал од висина.
Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.